МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

17 август 2018

Скопје - Централна свеченост по повод 18 Август - Денот на Армијата на Република Македонија. (Плато пред зградата на Министерство за одбрана и Генералштабот на АРМ / 10:30; Пристигнување на медиумите пред пријавницата најдоцна до 10:10)

- Делегации на Владата, Собранието и Генералштабот на АРМ ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта, на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски. (Градски гробишта Бутел / 9:00)

- Почесна артилериска стрелба на Единицата на артилерискиот баталјон на АРМ. (Касарна „Илинден“ /19:00; Пристигнување на снимателите и фоторепортерите/18:30) Пробна артилериска стрелба (меѓу 15:00 и 18:00)  

Скопје - Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Љупчо Јаневски на прес-конференција ќе информира за резултатите во туризмот во првата половина од 2018 година. (х. „Дувет“ / 11:00)

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. (Пред седиштето на Канал 5, ул. „Ацо Шопов“/11:30)

Тетово - Иницијативи за еманципација на жената Ромка - „Романо Суно“ организира обука од проектот „За општество без дискриминација“ поддржан од ЕУ. (х.„Лирак“ /10:00; Изјави за медиуми / 10:30)

Старо Нагоричане - Рурална коалиција - Куманово и Општина Старо Нагоричане ќе потпишат меморандум за соработка во рамки на проектот „Локалната заедница и општината заеднички ја креираат Стратегијата за локален економски развој“. (Сала на Општина  Старо Нагоричане /13:15)

Скопје - Почеток на тридневна работилница на тема „Режирање реалност“ со финската режисерка Пирјо Хонкасало во рамки на Фестивалот „МакеДокс“. (Музеј на современа уметност/10:00)

Крива Паланка - Проекција на турскиот филм „Дрвото Чинар“ во организација на Турски културен центар „Јунус Емре“. (Плоштад „Карпошово востание“ / 20:00)

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ