МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

19 август 2018

Скопје -  Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска, на прес-конференција ќе ги презентираат резултатите од спроведувањето на Оперативниот план за вработување и пилот програмата Гаранција за млади. (Влада на РМ/11:00)

Охрид - Прес-конференција по повод свеченото затворање на „Охридско лето“, со осврт и за целокупната програма на годинешното фестивалско издание. (кафетерија „Аквариус“/ 11:00)

Охрид - Поетски портрет на академик Радован Павловски во рамките на научната и уметничка визита што се одржува во Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија-МАНУ“. (Куќа на Уранија/20:00)

Скопје - Граѓанската иницијатива „Го Сакам Водно“ организира настан „НЕ НИЗ ВОДНО“. (на врв на Водно под Милениумскиот крст/10:30)

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ