• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

20 август 2018

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (сала 4/11:00)

Скопје - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во посета на општина Кисела Вода. (изјави за медиуми на улица „Христо Татарчев крак 22 во Припор, наспроти зградата на American Construction/12:00)

Скопје - Министерот за култура Асаф Адеми ќе одржи средба со новинари. (Каса бар спроти Министерството за култура/15:00)

Струга - Почнува Школата за млади лидери под покровителството на претседателот Ѓорге Иванов.  

Скопје - Прес-конференција на Стопанската комора на Македонија. (сала 3/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Конфедерацијата на синдикални организации и здруженијата „Човекот над профитот“, „No pasaran“ и „Гласен текстилец“. (пред Собранието на Република Македонија/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Турската агенција за соработка и координација - ТИКА за реконструкцијата на интернатот „Иса Бег Медресе“ во Скопје. (Канцеларија на ТИКА, ул. Питу Гули бр.3, спроти Српска амбасада/11:00) 

Охрид - Со претставата „Илијада“ од Хомер во режија на Јернеј Лоренци во во изведба на Словенечки народен театар, Цанкариев Дом и Градски театар од Словенија ќе биде затворено годинашното издание на „Охридско лето“. (Антички театар/21:00)

Битола - Музичка манифестација „Незаборав“. (Центар за култура/ 20:00)

Кавадарци - Со отворање на изложба на Александра Димитрова почнува Меѓународната ликовна колонија „Кавадарци - Михајлово 2018“. (Галерија при Домот на културата „Иван Мазов- Климе“/20:00) 

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ