• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

23 август 2018

Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Собрание на РМ,Сала 4/11:00) 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Собрание на РМ, Сала 10/12:00) 

Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство  Венко Филипче по повод покачувањето на платите во здравството. (Медиа центарот во Владата на Република Македонија/13:30)

Врапчиште - Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и градоначалникот на општина Врапчиште Исен Шабани ќе го означат почетокот на градежните работи за канализациската мрежа во село Добридол. (11:30, изјави за медиуми/11:40) 

Скопје - Прес-конференција на портпаролите на Владата, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа за одлуките од 84. владина седница. (Медиа центар на Владата на РМ/12:00)

Скопје - Меѓународна конференција „Одржливо лидерство и промоција на првата генерација учесници во програмата „Одржливо лидерство во Македонија“. (Економски факултет, Сала за состаноци/12:00)

Скопје - Подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика на која ќе се разгледува Предлог-тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај. (РКЕ/12:00) 

Скопје - Промоција на публикацијата „Невидливо насилство: Стории од редакциите”. (ЕУ Инфо центар/12:00)

Скопје - Прва средба на специјалисти и семејства на пациенти со спинална мускулна атрофија (СМА) во Македонија и одбележување на месецот на СМА. (х. „Порта“, Стар Аеродром/12:30)

Скопје - Седница на Советот на Град Скопје. (Град Скопје, барака 13, Сала на Советот/11:00)

Скопје - Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев ќе одржи прес-конференција по повод почетокот на 11. Карпошово културно лето. (плато во ТЦ „Лептокарија“/12:00)

Скопје - Прес-конференција на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“. (пред зграда на Влада на РМ/12:30)

Битола - Прес-конференција на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. (Центар за култура/12:00)

Скопје - Прес-конференција на граѓанската платформа „Мрдни со прст“ по повод 13. фестивал за современи ументости АКТО. (Јавна соба/11:00)

Скопје - Прес конференција за светската, европската и македонската премиера на играниот филм „Ругање со Христос“. (Кинотека на Македонија, Кино сала/12:00)

Скопје - Панел-дискусија „Улогата на филмот во деинституционализацијата“ на последниот фестивалски ден на „МакеДокс 9“. (Музеј на современа уметност/14:00)

- Доделувањето на наградите. (Куршумли-ан/20:00)

Скопје - Книжевен разговор со словенечката писателка Габриела Бабник. (книжарница Антолог/20:00)

Прилеп - Поетска вечер „Поезија на пат“. (Центар за култура „Марко Цепенков“/20:30) 

Скопје - Почнува 39. Меѓународен студенски фолклорен фестивал на солидарноста. (ТЦ „Лептокарија“/20:30)

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ