МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

29 август 2018

Скопје - Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 58. седница. (11:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 10/09:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и култура. (сала 4/09:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (сала 6/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (сала 4/10:30)

Скопје - Министерката за одбрана на Словенија, Андреја Катич ќе престојува во посета на Република Македонија:

- официјален пречек пред Министерството за одбрана. (09:30, фоторепортери и сниматели/09:10, новинари најдоцна до 10:40)

- изјави за медиуми на министерката Радмила Шекеринска и министерката Андреја Катич. (11:00)

Битола - Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев ќе присуствува на одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола. (РЕК Битола/12:00) 

Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на САД, Џес Бејли ќе потпишат меморандум за разбирање меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за енергетика на САД. (сала за состаноци, зграда 1/13:30)

Скопје - Министерката за правда Рената Дескоска ќе присуствува на презентација на завршената прва фаза од изградбата на КПД Идризово. (КПД Идризово/09:00)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе оствари средба со претседателот на Комората на трговци Екрем Долек. (седиште на Друштво на пазарџии, ул. Битпазарска бр.135, спроти влезот на хотелот Арка/11:00, изјави за медиуми/11.20)

Скопје - Директорот на Директоратот за соседска политика и проширување на Европската комисија Кристијан Даниелсон ќе ја отвори серијата дијалози со граѓани „Замислувајќи ја иднината заедно“. (Македонска опера и балет/09:30, изјави за медиуми/10:45) 

Скопје - ОБСЕ ќе го презентира првиот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. (х. Холидеј ин /12:00)

Скопје - Регулаторната комисија за енергетика ќе одржи подготвителна седница за Предлог-правилата за снабдување со електрична енергија. (РКЕ /10:00)

Скопје - Гешталт здружението на Македонија „Контакт“ во соработка со Советувалиште за хумана соработка ќе промовира книга за менталното здравје на луѓето во трето доба и ќе ги презентира резултатите од проектот „Активно живеење“. (ЕУ Инфо центар /11:00)

 

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...