• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

30 август 2018

Скопје - Собранието на Република Македонија ќе ја продолжи 58. седница. (12:00)

Скопје - Седници на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/10:00, 10:45)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 6 /10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 10 /10:00)

Скопје - Седници на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 4 /11:00, 12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 4 / 13:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала „Борис Трајковски“/13:30)

Скопје - Заменик - претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ, ќе се обратат на Форумот за афирмација на потребата од институционално регулирање на финансирање преку моделот „Бизнис ангели“. (Стопанска комора на Македонија/14:30)

Скопје - Прес-конференција на министерката за правда Рената Дескоска за најновите измени и дополнувања на Законот за спречување на корупцијата. (Министерство за правда/10:00)  

Неготино - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе ја посети Полициската станица во Неготино. (12:20)

Скопје - Потпишување спогодба за утврдување на најниската плата за најнискиот степен на сложеност за вработените во дејноста на основното и средното образование меѓу Министерството за образование и наука и СОНК. (Влада на РМ, Медиа центар/10:45) 

Скопје - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во работна посета на општина Илинден. (Изјави за медиуми во општина Илинден/ 12:30)

Скопје - Прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на Светска Банка за Македонија и за Косово во рамки на регионот на Европа и Централна Азија, Марко Мантованели. (Медиа центар на Влада/11:15)

Скопје - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов ќе одржи прес-конференција за почетокот на кампањата за микрочипирање на домашните миленици. (Агенција за храна и ветеринарство/11:00)

Скопје - Бизнис отворен ден - презентација на меѓународните последипломски студии IBA (International Business Academy - Master programme »Knowledge for progress«) во организација на Државниот Универзитет на Република Словенија, Економски факултет - Љубљана, а во соработка со Стопанската комора на Македонија. (Стопанската комора на Македонија/13:30)

Скопје - Тркалезна маса на тема „Колку државата ја имплементира Препораката на Совет на Европа во борбата против дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“ во организација на Хелсиншкиот комитет. (х. „Александар Палас/10:00)

Скопје - Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ќе одржи две подготвителни седници  за правилата за снабдување со електрична енергија. (РКЕ/11:00/13:00)

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми ќе ја одржи 37-та седница. (12:00)

Скопје - Здружението „Борка - за секој нов ден“ ќе одржи прес-конференција по повод отворањето на Дневниот центар за психо-социјална поддршка на децата заболени од малигни болести на Детска клиника. (Универзитетска клиника за детски болести/10:00)

Скопје - Советот на Град Скопје ќе ја одржи 16-та седница. (11:00)

Демир Хисар - Отворање изложба на фотографии „Пофалба на Демир Хисар“ низ објективот на девет чешки фотографи. (Дом на културата/20:00)

Виница - Одбележување 74 години од ослободувањето на Виница.

- Полагање цвеќе на спомен бистата на Кирил Михајловски-Груица. (17:00)

- Изложба и проекција на документарен филм за теракотните икони и концерт на Драган Даутовски Дуо. (Виничко Кале/18:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Актуелен момент во македонската современа фотографија“. (НЛБ Галерија/20:00)

Скопје - Прес-конференција по повод Балканското првенство во друмски велосипедизам што ќе се одржи од 31 август до 2 септември во Кавадарци. (Агенција за млади и спорт /13:00)

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ