МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

31 август 2018

Скопје - Премиерот Зоран Заев ќе учествува на меѓународната конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“ во организација на Прогрес Институтот за социјална демократија. (х. „Холидеј ин“, сала „Милениум 1“/10:00)

- Министерката за правда Рената Дескоска ќе се обрати на втората сесија „Односите меѓу Македонија и ЕУ: ново време, нови предизвици“. (11:45)

Скопје - Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ Александар Младеновски ќе присуствуваат на почетокот на производство на фабриката Чагатај Кабло во Технолошко – индустриската зона, Бунарџик 1. (11:45) 

Тетово - Премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, претседателот на ДУИ Али Ахмети и градоначалничката на Тетово Теута Арифи ќе го означат почетокот на градежните работи за изградба на системот за наводнување Речица – Равен. (13:15)

Скопје - Делегација на Министерството за одбрана на Црна Гора предводена од министерот за одбрана Предраг Бошковиќ и началникот на војската на Црна Гора бригаден генерал Драгутин Дакиќ во посета Република Македонија: 

- Црногорскиот министер Бошковиќ заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Васко Ѓурчиновски и заменик-министерот за одбрана Беким Максути ќе ги посетат припадниците на војската на Црна Гора кои реализираат обука на Армискиот полигон Криволак, боево гаѓање со батерија хаубици.

- Средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. (Центар за обука на пилоти, касарна „Страшо Пинџур“ – Петровец/12:45, по средбата ќе има изјави за медиумите; Организирано поаѓање за медиумите од Министерството за одбрана во 12:10)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе ја посети Полициската станица во Ѓорче Петров (13:20), а потоа и општина Ѓорче Петров и ќе се сретне со градоначалникот Александар Наумоски. 

Скопје - Министрите за здравство и за труд и социјална политика Венко Филипче и Мила Царовска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски ќе потпишат Меморандум за соработка. (Општина Ѓорче Петров/9:00)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе им додели признанија на најдобрите рудари, номинирани од нивните работодавачи на церемонијата по повод одбележувањето на Денот на рударите. (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје - Министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорката на Педагошката служба Вања Велева ќе одржат прес-конференција за измените на содржината, набавката и дистрибуцијата на учебниците кои ќе се применуваат во основните и средните училишта во учебната 2018/2019 година. (Прес сала на Влада/11:00)

- Средба со претставници на издавачки куќи, автори и членови на комисии и претставници на здруженија на наставници кои учествуваа во креирањето на измените во учебниците. (Влада, инсерти од средбата ќе можат да се снимат во 10:45 часот)

Дубровник - Заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија Андреј Жерновски ќе учествува на 13. Дубровник форум 2018 под наслов „Зајакнување на отпорноста Медитеран, Европа и Западен Балкан“. 

Скопје - Прес-конференција на портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски. (Медиа центар на Влада/12:00)

Скопје - Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје Никола Јанкуловски и главниот извршен директор на ОКТА Јанис Геруланос ќе потпишат Меморандум за соработка. (Ректорат на УКИМ/10:30)

Охрид - Прва балканска средба за Алпорт синдром. (Општина Охрид/15:00)

Битола - Фабриката за опрема и делови-ФОД ќе и додели донација на Спортска сала „Младост“. (спортска сала/12:00)

- Референдум 2018: 

Штип - Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев ќе се обрати на граѓанскиот собир на коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“. (Градски плоштад/20:00)

Кочани - Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев ќе учествува на отворена трибина. (Градскиот парк во Кочани/18:00)

Скопје - Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски ќе ја посети општина Ѓорче Петров и ќе учествува на граѓанска трибина во Домот на културата - Ѓорче Петров. (19:30)

Струга - Изјава за медиумите на националниот координатор за членство во НАТО Стево Пендароски. (Дрвен мост во близина на партиските простории на СДСМ/16:15)

___________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ