• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

4 септември 2018

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Собрание на РМ, Сала на Уставна комисија/14:00) 

Скопје - Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ќе учествуваат на трибината „Перспективите на македонската економија преку членството во ЕУ и НАТО“ што ја организира Стопанската комора на Македонија(Стопанска комора/10:00)

Скопје - Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на Светска Банка за Македонија и за Косово Марко Мантованели и директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски ќе присуствуваат на потпишувањето договори за финансиска поддршка за отворање бизнис акцелератори за млади. (Влада на РМ, Медиа центар/11:30)

Скопје - Премиерот Зоран Заев, министерот за образование Арбер Адеми, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети и лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе присуствуваат на почетокот на изградбата на спортската сала во СУГС „Сарај“. (14:00)

Скопје - Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, евроамбасадорот Самуел Жбогар, амбасадорот на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј и амбасадорот на Шпанија Рамон Абароа Каранза ќе присуствуваат на завршната церемонија на Твининг проектот за јакнење на административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад и директивите за посебните видови на отпад. (Секретаријат за европски прашања, кеј „Димитар Влахов“ бр.4/10:00)

Скопје - Министерството за одбрана и фондацијата „Фридрих Еберт“ организираат панел-дебата на тема „МК во НАТО: Спроведувањето на НАТО принципите во Македонија“. („Кино Култура“/10:00)

Скопје - Комората на РМ за приватно обезбедување организира меѓународна конференција на тема „Треин бреин софт“. (х. „Холидеј ин“10:00)

Скопје - Здружението „Гоу Грин“ и Ромскиот бизнис информативен центар со поддршка на Град Скопје и Општина Аеродром ќе го реализираат проектот „Ја собираме пластиката од дома“. (Месна заедница „Лисиче“, Трговски центар/12:00) 

Скопје - Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе се обрати на предавањето за проектот „Јакнење на капацитетите за спроведување на референдум на локално ниво“. (Општина Бутел /10:00)

Центар Жупа - Универзитетот Евро-Балкан од Скопје во соработка со Селџук универзитетот од Конија од Турција организираат научен собир „Турската култура, уметност и заштита на културното наследство: Турско-Македонски релации“. (Спомен домот на Ататурк/10:00) 

Скопје - Отворање на изложбата „Порта пинус“ од Александра Ацеска. (Музеј на град Скопје/20:00)

- Референдум 2018:

Скопје - Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоевски ќе учествуваат на граѓанска трибина што ја организира Коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“. (Плато кај Млечен ресторан/19:30)

- Пренос во живо на официјалната фејсбук-страница на премиерот Заев и на Јутјуб каналот izlezi.mk

Велес - Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски ќе даде изјава за медиуми пред зградата на Општина Велес (13:30) и ќе се сретне со претставници на бизнис секторот во Велес (16:00), со жители на населеното место Оризари (18:00), како и со  жители на населеното место Бузалково (19:00)

Куманово - Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на граѓанска трибина. (Дом за култура/19:00) 

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ