• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

6 септември 2018

Скопје - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во официјална посета на Република Македонија:

- средба со претседателот Ѓорге Иванов. (вила „Водно“/8:45)

- средба со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери. (Собрание на РМ, сала „Длаборез“/9:40-10:10)

- средба со премиерот Зоран Заев (Клуб на пратеници/13:15, медиумите да пристигнат најдоцна до 12:45)

- прес-конференција на премиерот Заев и на Столтенберг. (Клуб на пратеници/14:10)

- Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Столтенберг ќе го посетат Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“. (12:20, медиумите да пристигнат на влезот на касарната најдоцна до 11:50)

- Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и Столтенберг ќе присуствуваат на свеченоста по повод иницијативата за именување на една од градските улици во чест на Торвалд  Столтенберг, кој е почесен граѓанин на Скопје. (На пешачка патека меѓу Градскиот стадион и езерцето во Градскиот парк/10:30)

- Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски и Столтенберг ќе го посетат Стајковци каде е предвидено нивно обраќање. (11:30, новинарските екипи да пристигнат најдоцна до 11:00)

- средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. (Собрание на РМ, сала на Влада/10:15-10:45)

Скопје - Министерот за надворешни и европски работи на големото војводство на Луксембург Жан Аселборн во официјална посета на Република Македонија:

- тет-а-тет средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. (Кабинет на МНР /9:00-9:15)

- потпишување Спогодба и пленарни разговори меѓу делегациите. (МНР, сала на први кат /9:15-10:00)

- прес-конференција на Димитров и Аселборн. (хол на МНР/10:00-10:20)

- средба со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. (СЕП /10:30, новинарските екипи да пристигнат најдоцна до 10:15, изјави за медиумите во 11:00)

Скопје - Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на доделувањето грант од Владата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност за Националниот младински совет на Македонија. (Медиа центар во Влада/10:00)

Скопје - Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов ќе одржат средба со новинарите. (Свечена сала во Влада/9:30, Предвидени се изјави за медиумите во 10:00)

Охрид/Струга - Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски ќе присиствуваат на отпочнувањето на проектот на американската компанија „Reci&Sons Enterprise“ во Технолошко-индустриската развојна зона „Охрид/Струга“. (12:30)

Скопје - Македонско-руската стопанска комора организира трибина и еднодневна обука за македонски менаџери на тема: „Особености на рускиот пазар и стратегија на успех (потенцијал, можности, реализација)“. (Стопанска комора на Македонија/10:00, изјави за медиуми во 11:30)

Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче ќе учествува на јавната дебата за потребата од дисперзија на градски болници на повеќе точки на територијата на Град Скопје. (Музеј на современа уметност, сала 3/13:00)

Скопје - Прес-конференција на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи (МЗНДТВО) по повод одржување на 36. Светски конгрес на Интернационалното здружение за прочистување на крвта.(МАНУ/12:00)

Скопје - Претставници на Здружението на физиотерапевти на Република Македонија ќе делат промотивен материјал и ќе даваат совети по повод 8 Септември - Меѓународниот ден на физиотерапевтите. (плоштад „Македонија“/19:00)

Скопје - Институтот за стратешки истражувања и едукација - ИСИЕ организира тренинг „Јакнење на капацитетите за спроведување на референдум на локално ниво“. (Општина Гази Баба, сала 6/13:45 - 16:00 и изјави за медиумите во 13:30)

Прилеп - Трибина „Како до подобро информирање за иницијативи на граѓани: обука за мало новинарство“ на АГТИС.(до Саат кулата/19:00)

Скопје - Прес-конференција на директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје, Ардијан Муча. (меѓу улиците „Втора македонска бригада“ и „Кемал Сејфула“ во општина Чаир/12:00)

Штип - Петта Меѓународна конференција на Правниот факултет на УГД (10:00), изјави за медиумите во 9:30)

Скопје - Изложба на ракотворби од членовите на Здружението ЗУР „Арти Крафт“ во рамки на етно-културна манифестација „Ревија на народни носии од Скопскиот регион“. (Музеј на Македонија/11:00)

Охрид - Интернационален симпозиум на тема „Традиции во комуникациите и во духовната култура на Југоисточна Европа (право, економија, природни науки, уметност, литература, јазик)“. (Куќа на Уранија /9:00)

Гостивар - „Караван за поддршка и промени“ со јавна дискусија на тема Родова нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во општеството (општина Гостивар /18:00)

Скопје - Книжевна вечер посветена на македонската поетеса Даница Ручигај и промоција на антологијата на песни „Недореченост, о проклета да си“. (МКЦ/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Мистична безазленост“ на ликовниот уметник од Косово Дије Блаца. (КИЦ, изложбен салон Империјал 2/20:00)

Скопје - Премиера на првата македонска еротска комедија „Мејкинг Оф“, според сценарио и во режија на Кузман Кузмановски. (кино сала „Синаплекс“/20:30)

Скопје - Промоција на третиот албум на скопскиот музичар Пиколомини. (Ла Кања бар/20:00)

Референдум 2018:

Гостивар - Коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“ ќе одржи граѓански собир на кој ќе се обрати премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев. (Градски плоштад/19:30)

Скопје - Потпретседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе разговара со граѓаните на општина Чаир.(Амфитеатар во парк Чаир/18:30) 

Скопје - Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе одржи трибина со жителите на Арачиново.(Пред општинската зграда/16:15)

Крушево - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе учествува на трибина со граѓани. (Дом на култура/19:00)

___________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...