МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

7 септември 2018

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Македнија Талат Џафери ќе одржи прес-конференција на теми поврзани со одржувањето на референдумот. (Кабинет на претседателот на Собранието на Република Македонија/12:00)

Скопје - Седница на Собранието на Република Македонија. (сала „Македонија“/13:00)

Скопје - Посета на Оливер Кадик, сенатор во францускиот Сенат и претставник на француските државјани кои живеат надвор од Француската Република. (Собрание на РМ/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (сала10/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 4/12:00)

Скопје - Свечен пречек на австриската делегација предводена од канцеларот на Републка Австрија, Себастијан Курц. (плато пред Владата на РМ/9:00)

- Прес-конфернеција на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и канцеларот на Република Австрија Себастијан Курц. (хол на Владата на РМ/10:05, претставниците на медиумите да пристигнат на влезот на Медиа центарот на Владата најдоцна до 8:10)

Скопје - Премиерот Зоран Заев ќе присуствува на отворањето на одделот за трауматологија во Градската општа болница „8 Септември“. (ГОБ „8 Септември“/14:00)

Требош - Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бујар Османи, заедно со неговиот заменик и технички преговарач, Бојан Маричиќ, ќе ја посетат живинарската фарма, Везе Шари во село Требош во Тетово. (Живинарска фарма Везе Шари/12:30, новинарските екипи да пристигнат најдоцна до 12:15)

Скопје - Почесна артилериска стрелба на артилерискиот баталјон на АРМ по повод 8-ми септември-Денот на независноста. (Касарна „Илинден“/18:00, пристигнување на сниматели и фоторепортери/17:40)

Скопје - Седница на Комитетот за финансиска стабилност на која ќе присуствуваат гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска - Бежоска и министерот за финансии Драган Тевдовски. (НБРМ, пристигнување на новинарските екипи најдоцна до 10:45, изјави за новинарите по завршување на седницата)

Скопје - Претседателот на Основниот суд Скопје 1 - Скопје, судијата Иван Џолев ќе одржи брифинг со претставниците на медиумите. (Основен суд Скопје 1 - Скопје/13:00)

Скопје - Центарот за развој на медиуми организира јавна дискусија на тема „Регулација на медиумската сопственост - идентификување на потребите за реформи на законодавството“. (х. „Бест Вестерн Турист“, сала „Амбасадор“/10:00)

Скопје - Одбележување на светскиот ден на физиотерапевтите „8-ми септември“. (ЕУ Инфоцентар/11:00)

Скопје - Церемонија за доделување на едногодишни грантови на осум организации за деловна поддршка во организација на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. (рест. Воденица Мулино/11:00)

Скопје - Прес-конфернеција на директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје Ардијан Муча и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумовски. (населба Даме Груев, на ул. „Лука Ѓеров“ - кај градинката/10:00)

Скопје - Прес-конференција на Независениот синдикат на камионските транспортери на Македонија и Независниот синдикат на градежни работници инжинери и трговци во градежништвото. (спроти ФОН, на плацот на камионџии/10:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Лицата на војната: Македонија и Македонците во Големата војна (1914-1918)“ по повод 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна. (МАНУ, свечена сала/13:00)

Битола - Празнична ликовна изложба „Магијата на Монмарт“. (Магаза / 20.00)

Небрегово - Промоција на книгата „Како го читам Конески“. (Спомен дом „Блаже Конески“/11:00)

Скопје - Отворање на самостојна изложба на Александра Петкова насловена „Филогенеза“. (Отворено графичко студио при Музеј на град Скопје)

Скопје - Премиера на театарската престава „Неизговорени Гласови“. (Факултет за драмски уметности, ул. „Руѓер Бошковиќ“ бб/20:00)

Скопје - Традиционална манифестација „Звуците на чаршијата“. (18:00)  

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, по повод поставување на водоводна мрежа на улицата „Капиштец“. (раскрсницата на улиците „Питу Гули“ и “Капиштец“/12:00)

Скопје - Прес-конференција на „Единствена Македонија“. (Порта „Македонија“/12:00)

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ