МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

8 септември 2018

Скопје - Одбележување на Денот на Република Македонија: 

- Прослава на Денот на независноста 8 Септември во организација на Владата на РМ (паркот покрај владината зграда /18:00)

- Собраниска делегација во состав Никица Корубин, Диме Велковски, Жаклина Пешевска и Бранко Манојловски ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на РМ (Гробишта Бутел /9:45)

- Собраниска делегација во состав Ирена Стефоска, Невенка Стаменковска и Бранко Манојловски ќе положи свеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“ (10:15)

- Агенцијата за Млади и спорт ќе ги додели држаните награди од овбласта на спортот по повод Денот на независноста на Република Македонија (Кристална сала /10:30)

- Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот (Кристална сала на Собрание на РМ /11:00)

Скопје - Делегација на Сојузна Република Германија предводена од сојузната канцеларка Ангела Меркел во официјална посета на Република Македонија

- Свечен пречек на платото пред Владата на РМ (11:35)

- Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и канцеларката Ангела Меркел (во Хол на Влада на РМ /12:35)

- (поради неопходни проверки и подготовки сите пријавени медиуми треба да пристигнат на влезот на Медиа центарот на Владата најдоцна до 10:00)

Прилеп - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и замениците министри за култура и за локална самоуправа, Владимир Лазовски и Дејан Павлевски, ќе присуствуваат на промоција на книгата „Како го читам Конески“  во Спомен куќата на Блаже Конески во с. Небрегово, како дел од одбележувањето на Денот на независноста.

Скопје - Едукативен семинар „Рехабилитација во ортопедија и трауматологија“ по повод одбележување на Меѓународниот ден на физиотерапијата во организација на Здружението на физиотерапевти на РМ (Конгресна сала на клиничка болница „Систина“ /9:00)

Скопје - Промоција на книгата „Утеха за Адамовото дрво“ од летонската писателка Инга Жолуде (Музеј на современа уметност /19:00)

Охрид - Ревијален ватерполо турнир на ветерани од повеќе ватерполо клубови (Градско пристаниште во Охрид)

Референдум 2018:

Гостивар - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе има средба со граѓани во гостиварско Тунчевиште. (15:00) и ќе се обрати на граѓанска трибина што ќе се одржи во амфитеатарот покрај Вардар во Гостивар ( 18:00)

Кочани - Министерот за здравство Венко Филипче на средба со граѓаните на кочани. (13:00)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на средба со граѓани на општина Шуто Оризари. (13:00)

Тетово - Заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски на средба со граѓани на Јегуновце. (13:00)

 

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ