МИА Најави - Македонија

11 септември 2018 

Скопје - Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе присуствуваат на научната расправа на тема „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евро-атлантските интеграции на Република Македонија“. (МАНУ, свечена сала/10:00)

Скопје - Министерот за финансии Драган Тевдовски, директорот на македонската банка за поддршка и развој Драган Мартиновски и потпретседателот на Европската инвестициска банка Ендрју МекДауел ќе потпишат договори со ЕИБ за кредитна линија од 100 милиони евра за финансирање на мали и средни претпријатија, а на настанот ќе присуствува и премиерот Зоран Заев. (Влада на РМ, свечена сала/9:20) 

Блед - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ќе учествуваат на Бледскиот стратешки форум. 

Дојран - Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески ќе оствари работна посета на општина Дојран. (Простории на општината, изјави за медиуми/12:30)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе оствари работна посета на компанијата Даути Комерц. (с.Сарај, после мостот Сарај, изјави за медиумите/10:15)

Љубљана - Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми и директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов од денеска ја почнува посетата на Словенија. 

Скопје -  Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу ќе го отвори 15 состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија (ЗКК) во рамки на Комитетот на регионите на ЕУ. (х.„Александар Палас“, конгресна сала бр.3/9:00, изјави за медиуми/10:45) 

Скопје - Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија во рамките на Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе одржат трибина на тема „Гмо, Гмо-храна и гмо-храна за исхрана на животни“. (Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5 кат, изјави за медиуми/12:00)

Скопје - Меѓународна конференција за корупцијата во високото образование во организација на Институтот за стратешки истражувања и едукација-ИСИЕ. (Универзитет на Југоисточна Европа-кампус во Скопје/10:00-15:00)

Скопје - Тркалезна маса на тема „Улогата на медиумите и нивното влијание врз промовирањето на меѓуетничката интеграција и демократските вредности помеѓу младите“ во организација на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. (х.Мериот/11:00-12:30)

Скопје - Панел дискусија на тема “Ромското прашање и ЕУ интеграции“. (ЕУ Инфо центар, изјави за медиуми/10:45)

Скопје - Обука за општествена одговорност и промоција на социјалното претпримеништво во организација на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи-Охрид. (Општина Центар, сала на совет/9:00, изјави за медиуми 10:00)

Тетово - Јавна дискусија на тема „Родова нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во општеството-Која е вашата улога и каква улога игра државата во подобрувањето на ситуацијата“ во организација на Иницијативата Стела. (х.Лирик/18:00) 

Струмица - Здружението за локална демократија Центар на заедницата на Општина Струмица ќе одржи работилница за изработка на акциски план за локалната Стратегија за социјална заштита на своите граѓани на Општина Струмица за периодот 2019-2020 година. (Канцеларија на Центарот на заедницата на општина Струмица во Дом на АРМ/10:00-16:00)

Дојран - Отворање на проект „Безбеден прекуграничен транспорт на опасни радиоактивни материјали“. (хотел Романтик/10:30)

Битола - Промотивен настан на Државниот завод за индустриска сопственост на РМ. (Совет на општина Битола/11:00)

Скопје - По повод Меѓународниот ден за чистење на планетата ќе се спроведе еко-акција во рамки на платформата „Дали рециклирате!?“ (ТЦ Веро Центар, изјави за медиуми/17:00)

Скопје - По повод Светскиот ден по прва помош (8 Септември) Црвен крст на град Скопје ќе одржи симулациска показна вежба-сообраќајна несреќа. (Централно градско подрачје, Рекорд/12:00)

Скопје - Агенцијата за млади и спорт ќе одржи прес-конференција по повод Европскиот Триатлон куп и Балканското првенство во триатлон. (Простории на АМС/12:00)

 

Референдум 2018

Скопје - Централниот штаб на ДУИ ќе оствари средба со функционерите од редовите на партијата. (х.Холидеј ин/13:00)

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ