• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МИА Најави-Македонија (ДПЛ)

МИА Најави-Македонија (ДПЛ)

12 септември 2018

Скопје - Претседателот на Косово Хашим Тачи во работна посета на  Македонија:

- Пречек на косовската делегација (плато пред Влада на РМ/10:00)

- Тет-а-тет средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Косово, Хашим Тачи  и билатерална средба на делегациите на владите на двете држави. (Влада на РМ, Медиа центар, изјави за медиумите/10:45)

 -   Средба со претседателот на Собранието на Република Македонија,
Талат Џафери (Собрание на РМ/сала Длаборез/11:00)

Скопје - Министерот за надворешни работи на Холандија Стеф Блок во официјална посета на Македонија:

- пристигнување (МНР на РМ/12:00-12:05, фото/видео снимки/)

- средба помеѓу делегациите на министерствата за надворешни работи на Македонија и Холандија. (ВИП сала-Кабинет на МНР/12:05-12.25, фото/видео снимки)

- изјави за медиуми на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Стеф Блок. (хол на МНР/12:25-12:40)

- средба на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со министерот Блок. (простории на Секретаријатот за европски прашања/14:10)

Скопје -  Прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и владините портпароли Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа за одлуките од 88. седница на Владата на РМ. (Влада на РМ, Медиа центар/12:00)

Скопје - Конференција „Стабилизирачки ефекти од евроатлантската интеграција: Да работиме заедно против хибридните закани“, со која ќе претседава националниот коордиантор за НАТО, Стево Пендаровски. (МНР/10:00)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе присуствува на постапката за категоризација  на угостителски објекти во новиот хотел „Александaр 2“ во Скопје. (х. „Александар 2“, ул: „Васил Главинов‘‘  број 3,блиску италијанска амбасада, инсерти/слики /10:30, изјави за медиумите/11:00)  

Скопје - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе одржи брифинг  со новинари на тема „капитални инвестиции”. (Министерство за транспорт и врски/11:00, изјави за медиуми/12:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски ќе посетат фирма, семеен бизнис формиран со ИПАРД средства. (село Грушино, Арачиново/13:00)

Скопје - Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу ќе  потпише договорите за кофинансирање на проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово. (Клуб на пратеници/11:00)

Велес - Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов во посета на свињарската фарма „Агро софт“ во Велес каде ќе промовира Прирачник за воведување биосигурносни мерки на одгледувалишта на свињи. (10:00)

Скопје - Отворен ден за Регионална инвестициска агенда за Западен Балкан, во организација на Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Сојуз на стопански комори на Македонија. (х.„Континентал“/10:00)

Скопје - Меѓународен бизнис самит на тема „Водење на бизнис и податоци“ во организација на CEED Македонија и WorldChicago. (х.„Холидеј ин“/9:20)

Скопје - Управата за јавни приходи ќе одржи брифинг на тема „Граѓани-Навреме регистрирајте се на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk“ на кој ќе бидат презентирани новините во врска со Годишната даночна пријава. (Контакт центар на УЈП/11:00)

Скопје - Средба со новинари во Македонска берза за резултатите на котираните друштва во периодот јануари-јуни годинава и работењето на берзата. (Македонска берза/10:30)

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 38.седница. (АВМУ, конференциска сала/15:00)

Скопје - Прес-конференција на која ќе се обратат градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, Роберт Алаѓозовски и Филип Аврамчев. (Младински културен центар/11:00) 

Струга - Регионална конференција на деца излекувани од малигнитети, во организација на Здружението САНО и Универзитетската клиника за детски болести, Скопје. (х. Солферино, Црвен Крст на РМ, Струга/10:00)

Скопје - Гала вечер по повод отворање на Прва балканска школа и втора школа за педијатри во Македонија со меѓународно учество. (х.Александар Палас/20:30, изјави за медиуми/20:15)

Скопје - Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) организира конференција за пилот проектот „Тандем партнер наставници“ од програмата Ерасмус + за подобрување на квалитетот на физичкото образование во основното образование.  (х.„Континентал“/10:00)

Скопје - Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и Еколошкото здружение на граѓани„Фронт 21/42“ почнуваат кампања „Балкан риверс тур 3“. (Маврови Анови/10:00)

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ за почетокот на реконструкција на улица „Димитар Пандилов“ во населба Водно. (ул. „Димитар Пандилов“/11:00)

Скопје - Прес-конференција за 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. (ЕУ Инфо центар/11:00)

Скопје - НУ Театар за деца и младинци ќе одржи прес-конференција по повод почетокот на работата на првиот македонски музички спектакл за деца-мјузикл „Земја во која не се стигнува“. (простории на театарот/10:00)

Скопје - „Вино фест 2018“ во организација на компанијата Веропулос. (паркинг на Веро центар/19:00)

 

Референдум 2018:

Крива Паланка/Куманово - Претседателот на Владата Зоран Заев ќе учествува на трибина со граѓани во Крива Паланка. (плоштад/18:00) и на граѓански собир во Куманово. (плоштад/20:15)

Кочани - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе има средба со граѓани од Кочани. (13:00), средба со градоначалникот на Кочани (изјави за медиуми/13:30) и ќе се обрати на граѓански собир во маалото Сиви дом. (17:00)

Пехчево - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе ја посети подрачната канцеларија на Министерството во Пехчево (изјави за медиуми/13:15) по што ќе има средба со граѓани. 

 

 

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ