Кавадарци загадено и во изминатите три дена

Кавадарци загадено и во изминатите три дена

Кавадарци, 29 јануари 2018 (МИА) - Податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање укажуваат дека изминатите три дена во Кавадарци е надминат дозволениот праг на суспендирани честички со големина до 10 микрометри на метар кубен. 

Во петокот биле регистрирани 146 микрограми на метар кубен, во саботата прагот на суспендирани честички повторно бил надминат и се евидентирани 102 микрограми на метар кубен. Вчера пак, 123 микрограми покажале податоците од мерната станица во Кавадарци. 

Во вакви услови од Министерството препорачуваат да се користи јавен превоз, а возилата без поголема потреба да не се употребуваат. Да не се користи затоплување на простории со прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков друг синтетички материјал.

Министерството за здравство и Институтот  за јавно здравје пак препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација децата, старите лица, болните од хронични болести на белодробниот и срцево садовиот систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма, но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадени зони од градот. свд/сст/13:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...