Во Струмица надминат прагот на алармирање за загадувањето на воздухот

Во Струмица надминат прагот на алармирање за загадувањето на воздухот

Скопје, 29 јануари 2018 (МИА) - Во Струмица  е надминат прагот на алармирање за загадување на воздухот при што се измерени средни вредности од над 200 микрограми во текот на два последователни денови. Според информациите од Минситерството за животна средина и просторно планирање завчера во Струмица средната вредност изнесувала 210,84, а во текот на вчерашниот ден 212,12 микрограми ПМ10 честички на метар кубен.

- Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 200мг/м3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека истиот е надминат на мерното место во Струмица, стои во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Додаваат дека врз основа на тоа стапуваат во сила мерките и препораките на Владата за заштита од загадувањето на воздухот.

Концентрациите на ПМ10 честичките се високи според мерењата и во скопскиот регион и се очекува дека и тука ќе биде надминат прагот на алармирање кој е поствен на над 200 микрограми на метар кубен во два последователни дена регистриран на две мерни станици.скс/са/15:02

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...