• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Форум „Македонска транспортна револуција“ во МАНУ

Форум „Македонска транспортна револуција“ во МАНУ

Скопје, 30 јануари 2018 (МИА) - Форумот на тема „Македонска транспортна револуција“ ќе се одржи денеска во организација на Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при Македонската академија на науките и уметностите. 

На форумот со свои излагања ќе се обратат претставници од академската и стручната заедница со цел да се обработат теми кои се во насока на стабилизација на емисиите на стакленички гасови и електрификација на транспортот за премин од општество базирано на фосилни горива кон ниско јаглеродно општество.

Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ информира дека во рамки на проектот „Втор двогодишен извештај за климатски промени“ изработил „Студија за секторот транспорт, анализа на политики и мерки“. рп/са/07:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ