Престанува важноста на мерките за заштита од загадувањето на воздухот во Скопје

Престанува важноста на мерките за заштита од загадувањето на воздухот во Скопје

Скопје, 1 февруари 2018 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање, кое се повикува на податоци на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух, соопштува дека среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 200 мg/m3, во текот два последователни дена на мерните места Лисиче и Ректорат во Скопје.

Согласно оваа состојба, препораките и мерките за заштита од загадувањето на амбиентниот воздух престануваат да важат веднаш. са/сд/13:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ