Во Гостивар започна да се мери загаденоста и квалитетот на воздухот

Во Гостивар започна да се мери загаденоста и квалитетот на воздухот

Гостивар, 2 февруари 2018 (МИА) - Станица за мерење на параметрите на амбиенталниот воздух во Гостивар од вчера е ставена во функција. Опремата е поставена во дворот на Основното училиште „Гоце Делчев“. Со ова, мерната станица во Гостивар постана дел од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух. 

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека овој тип на станици следат повеќе параметри.

- Од еколошките параметри се следат: SO2 (Сулфур диоксид), CO (Јаглерод моноксид), NOx (Азотни оксиди), PM10 (Суспендирани честички со големина до 10 микрометри), PM2.5 (Суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри), О3 (Озон) и BTX (бензен, етилбензен,  толуен, орто и пара ксилен). Од метеоролошките параметри се следат: брзина и правец на ветер, температура, притисок, влажност и глобална радијација, наведуваат од Министерството.

Со ставањето во функција, гостиварци и другите заинтересирани, податоците можат да се следат он-лајн на веб страниците на Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Гостивар.

Од општина Гостивар посочуваат дека со профункционирањето на оваа станица, граѓаните ќе можат благовремено да се информираат за нивото на загадување на воздухот, а друга страна, согласно надлежностите и можностите да се преземаат конкретни чекори во справувањето со загадувањето на воздухот.згм/скс/15:38

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ