• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Црна поплави населени места во општина Демир Хисар

Црна поплави населени места во општина Демир Хисар

Демир Хисар, 5 февруари 2018 (МИА) - Обилните врнежи од дожд предизвикаа големи оштетувања и поплави кои зафатија повеќе населените места на територијата на општина Демир Хисар.

Градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски информира дека синоќа во соработка со месното население во Горни Демир Хисар и ЈКП „Комуналец"- Демир Хисар, го расчистиле свлечиштето што го прекри со кал локалниот пат во село Вирово, а пружена е помош во санирање на последиците од поројните дождови и на патот за селото Мало Илино. 

Црна Река

Водостојот на реката Црна е зголемен кај селата Долеци и Бучин каде е ресгистрирано излевање на водата од речното корито, ново свлечиште е регистрирано во непосредна близина на селото Базерник, а внимателно треба да се вози и на патниот правец Граиште-Будаково, посочуваат од општина Демир Хисар.

Во текот на денот екипи на комуналното претпријатие од Демир Хисар ќе ги санираат последиците и ќе вршат заштита на речното корито на реката Црна од нови излевања, а екипи што го одржуваат уличното осветлување ќе извршат санација и повторно вклучување во неколку демирхисарски села.

Од оддлението за управување со кризи во Битола за МИА потврдија дека реката Црна во битолскиот дел на Пелагонија не предизвикала никакви проблеми, водостојот е стабилен и дежурни екипи ја набљудуваат состојбата на речното корито.мт/ев/09:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...