• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Министерот Дураки на конференција за еко-инвестиции за квалитет на воздухот во Софија

Министерот Дураки на конференција за еко-инвестиции за квалитет на воздухот во Софија

Скопје, 5 февруари 2018 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, денеска и утре учествува на конференцијата за еко-инвестиции за квалитет на воздухот во Софија, која има за цел да ги испита еко-иновативните решенија за подобрување на квалитетот на воздухот.

Конференцијата, како што информираат од Министерството, се организира во рамките Бугарското претседавање со Советот на Европа и ги собра компаниите и јавните власти кои веќе успеале да развијат и имплементираат ефикасни нови технологии или иновативни модели за бизнис и управување, и оние кои бараат такви решенија и практики.

Министерот Дураки, како што информираат од неговиот кабинет, во рамки на посетата остварил работна средба со бугарскиот министер за животна средина и води, Нено Димов на која дискутирале за можностите за унапредување на соработката во областа животна средина помеѓу двете министерства. Посебен интерес бил посветен на позитивните искуства на градот Софија кој има воспоставено модерен и интегриран систем за управување со комунален отпад кој ги задоволува барањата на европското законодавството за отпад.

По средбата министерот Дураки го посетил градското претпријатие за управување со отпад каде имал средба со директорот на претпријатието и тимот на општината.

Настан е заеднички организиран од Генералниот директорат на Европската комисија за животна средина и Министерството за животна средина и вода на Република Бугарија. аа/скс/14:47

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ