Награда за еко одборот на штипското основно училиште „Ванчо Прќе“

Награда за еко одборот на штипското основно училиште „Ванчо Прќе“

Штип, 5 Февруари 2018 (МИА)Еко одборот од штипската деветолетка ООУ  „Ванчо Прќе“ најдобар во државата на еко конкурсот „Еко пакет Македонија“. Даниела Ѓошева наставник во училиштето вели дека темата им била светски знаменитости, а наставниот кадар, заедно со учениците ја изработиле Статуата на Слободата во Њујорк. Еко одоборт доби и награда летен камп во Отешево, но и парични средства.

-Добивме и парична награда од 1.000 евра. Средствата нашето училиште ги искористи за проект под наслов „И отпадот има вредност“, рече Грозданка Јорданова, координатор на проектот.

Таа истакна дека преку работата на еко проекти, учениците праќаат порака до сите граѓани, за да се зачува животната средина и да се поттикне рециклирањето на отпадот. вдј/бк/15:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ