• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Макрадули во тридневна работна посета на Подгорица

Макрадули во тридневна работна посета на Подгорица

Скопје, 7 февруари 2018 (МИА) - Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули од денеска до петок ќе престојува во Подгорица, Црна Гора.

Според агендата, Макрадули денеска ќе учествува на средба на претставници на високо ниво за регионална имплементација на Парискиот договор за клима, а наредните два дена на регионалната работилница за националните системи за инвентари, проекции и политики и мерки.

Настаните се во рамки на имплементацијата на регионалниот проект RIPAP (Regional Implementation of the Paris Agreement), којшто ги поддржува Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција како корисници во развојот на економии засновани на ресурси со ниски емисии на штетни гасови и градење на климатски отпорни држави.

Проектот е дизајниран да им помогне на корисниците да ги разберат и да делуваат во правец на исполнување на целите на Парискиот договор. дма/бак/07:28

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...