• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Екологистите од Кавадарци реагираат поради сечење дрвја во Градскиот парк

Екологистите од Кавадарци реагираат поради сечење дрвја во Градскиот парк

Кавадарци, 6 февруари 2018 (МИА) - Активистите  од Еколошкото друштво “Еко-живот” од Кавадарци денеска реагираа поради сечење на дрвја во кавадаречкиот Градски парк.

Роберто Паризов, претседател на друштвото обвини дека паркот во Кавадарци според нив, е претворен во градилиште и праша до кога  ќе се работи така.

Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев појаснија дека комисиски било одлучено некои од дрвјата да бидат исечени поради нивна старост.

- Комисијата при локалната самоуправа, која одлучува во вакви случаи, констатирала дека доколку останат, тие дрвја би можеле да претставуваат опасност, рекоа од градоначалничкиот кабинет. свд/вг/16:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ