• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Промовирање резултати од проектот „Реконструкција на канализациската мрежа во Куманово“

Промовирање резултати од проектот „Реконструкција на канализациската мрежа во Куманово“

Скопје, 9 февруари 2018 (МИА) - Резултатите од ИПА проектот „Реконструкција на канализациската мрежа во Куманово“ ќе бидат промовирани денеска во салата на Занатскиот дом во Куманово.

Проектот е финансиран од Европската унија - Програма за регионален развој.

На промоцијата ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки. Свое обраѓање ќе имаат и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и амбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар. 

Целта на проектот е подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води во општина Куманово со цел да се осигура третман на отпадните води од и надвор од домаќинствата. Околу 13 километри од канализациската мрежа се рехабилитирани, а околу 12 километри се новоизградени.

Проектот ќе придонесе кон финансиската одржливост на системот за отпадни води и кон усогласеноста со важечкото национално законодавство и со законодавството на ЕУ во однос на јавните услуги за вода, јавното здравје и прашањата кои се однесуваат на заштита на животната средина.

Проектот е со вкупна вредност од 4,3 милиони евра. Промоцијата на проектот е во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“ чија цел е да ја покрене свесноста и да ја информира јавноста за помошта на ЕУ во земјата. рп/са/07:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ