• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Македонија дел од акцијата „Со велосипед на работа во зима“

Македонија дел од акцијата „Со велосипед на работа во зима“

Скопје, 9 февруари 2018 (МИА) - Македонија четврти пат се вклучува во одбележувањето на интернационалниот ден „Со велосипед на работа во зима“ (Winter bike to work day - Skopje #4). Иницијатори на одбележувањето се група ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје „На Точак“. 

Во одбележувањето се вклучуваат Министерствата за животна средина и просторно планирање, за образование и наука, Град Скопје и повеќе општини.

Оваа акција во светот традиционално се организира под мотото „Светот вози велосипед со тебе“ и има за цел да ги мотивира граѓаните, институциите, фирмите, кафулињата, училиштата и сите оние кои велосипедот го препознаваат како пријател на доброто здравје и на животната средина, да го прифатат предизвикот и да се вклучат во акцијата, бирајќи го велосипедот како нов современ урбан стил на добро живеење.

Есен или зима.jpg- Досега се пријавени повеќе од 11.374 велосипедисти испраќајќи ја пораката дека и во зима може да се вози велосипед, информира Министерството за животна средина и просторно планирање. 

МЖСПП апелира до велосипедистите од сите градови во Македонија да земат учество во оваа активност, а со тоа да го позиционираат својот град на мапата на светски градови каде велосипедот и зиме се користи како превозно средство.

Според информацијата од иницијаторите, од Скопје веќе се регистрирани околу 383 граѓани, а поддршка и најава на учесници пристигнуваат од различни страни. Кафулиња, ресторани, бутици, продавници за велосипеди ги промовираат своите попусти и погодности за велосипедистите кои утре ќе пристигнат до нивниот објект на велосипед. мд/са/07:39

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ