• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Систем за управување со информации за Дримскиот басен

Систем за управување со информации за Дримскиот басен

Скопје, 20 февруари 2018 (МИА) - Претставници од петте државите во Дримскиот басен денеска во Тирана треба да усвојат систем за управување со  информации  (Information Management System- IMS) кој треба да овозможи размена на податоци во прифатлива архитектура и рамка.

Како што појасни координаторот во тимот за Дримскиот процес Дејан Пановски, размената на податоци меѓу државите е круцијален дел од управувањето со целиот Дримски басен и езерата и од носењето на одлуките. Преставниците на државите треба да препорачаат кои податоци ќе се разменуваат, на каква платформа и во каков формат. 

Дримскиот процес е поддржан од ГЕФ Дримски проект во чии рамки досега се изготвени тематски студии за институционалната поставеност, за биодиверзитет, за социоекономија, загадување и за хидрологија на Дримскиот басен. Сето тоа ќе биде основа за изработката на Прекуграничната дијагностичка анализа на басенот и Стратешкиот акциски план. Во истите рамки отпочнати се и низа проекти меѓу кои е и изработката на Планот за управување со интегралниот слив на Охридско Езеро. бк/са/09:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ