• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Владата времено ќе го преземе управувањето со отпад од општините

Владата времено ќе го преземе управувањето со отпад од општините

Скопје, 2 март 2018 (МИА) - Владата времено да го преземе од општините управувањето со цврстиот отпад, предложи премиерот Зоран Заев вечерва на средба со градоначалниците од целата државата. 

- Преку законски овозможени одлуки кои  треба да се донесат од советите на општините  времето ќе биде пренесена надлежноста на централната ввласт за унифицирано, организирано настапување во делот на депонирањето на сметот, а штом ќе биде реализирано тоа повторно ќе биде препуштено на општините, рече Заев.

Како што укажа, нема поместување во областа за справувањето со отпадот, област која бара сериозен ангажман за испорачување резултати во животната  средина и здравјето на граѓаните.

- Видовме колку е значењето на воздухот и реакциите и сензибилноста на граѓаните, видовме кога гореше депонијата во Струга, порано во Тетово колку се граѓаните чувствителни  на овие прашања, но и сите заедно знаеме дека во секоја општина, во секој град, во секое село од кој било пат да излезете надвор ќе видите дека има диви депонии, посочи  премиерот. 

По укажувањата од правните експрети, како што потенцира, се согласиле дека се потребни флексибилни и брзи решенија кои ќе дадат резултат.

- Начинот на организирање на сметот е сериозна економска дејност која учествува во БДП на државата. Ако бидеме паметни ќе создадеме дополнителна вредност во Република Македонија, укажа Заев.

Претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Скопје Петре Шилегов исто така оцени дека постојниот систем за справување со цврстиот отпад е  субстандарден и неефикасен.   

- Потребно е да го разгледаме предлогот на Владата и ресорното Министерство кој се однесува на воспоставување регионален систем,  односно основање регионални депонии и изградба на потребната инфраструктура во согласност со Планот што го има државата во делот што се однесува на управувањето со отпадот, рече Шилегов. 

Министерот за животна средина и  просторно планирање Садула Дураки појасни дека општините првично треба да донесат одлука за делегрирање на правото за спроведување и реализирање на регионалните депонии на централната власт и локациите каде што ќе бидат изградени депониите кои се утврдени со физибилити студии да се прифатат од страна на општините.

Дураки побара централната власт активно да се приклучи во решавањето на овој проблем со оглед дека општините во сите региони на државата не биле во можност да ги исполнат обврските од Законот за управување со отпад поради голем број недостатоци, како и многу ниски технички и финансиски капацитети.

- Во ниеден момент не станува збор за преземање на надлежностите и овластувањата на општините, туку за приклучување на централната власт заедно со локалната власт да го реши овој долгогодишен проблем, рече Дураки.лв/аа/119:50

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ