Екологисти од Кавадарци реагираат на сечењето дрва, од „Македонски шуми” велат се работи плански

Екологисти од Кавадарци реагираат на сечењето дрва, од „Македонски шуми” велат се работи плански

Кавадарци, 5 март 2018 (МИА) - Екологисти од Кавадарци реагираат дека се сечат млади дрвца покрај асфалт веднаш до акумулацијата Доне Попов на висорамнината Витачево. Роберто Паризов, претседател на Регионалното еколошко друштво „Еко-живот”, во изјава за МИА изрази сомнеж дека се работи за несовесно стопанисување. 

- Од тоа што можев да го видам на лице место вчера, се сечеа млади дабови дрвца со дијаметар од само неколку сантиметри. Според мене, нема никакво оправдување за ваква постапка, особено поради тоа што многумина овде знаат да дојдат на излет во природа, нагласи тој.

Марјан Иловски, директор на подружницата на „Македонски шуми”, „Бор” од Кавадарци, за МИА рече дека се работи според планот за стопанисување и со дозвола од Инспекторатот.

- Дабот самиот ќе се обнови во тој дел и за две-три години повторно тука ќе биде шума, нагласи директорот. свд/дма/13:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...