Министерот Дураки ќе ја посети пречистителната станица за отпадни води во Кичево

Министерот Дураки ќе ја посети пречистителната станица за отпадни води во Кичево

Кичево, 9 март 2018 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска ќе ја посети општината Кичево и ќе се сретне со градоначалникот Фатмир Дехари.

Дураки и Дехари ќе ја посетат и пречистителната станица за отпадни води, која е пуштена во употреба во декември минатата година.

Средствата за нејзина изградба се обезбедени преку ИПА 1 компонентата во висина од 8.254.353 евра. мд/дма/07:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ