Мерна станица за квалитет на воздух во општина Бутел

Мерна станица за квалитет на воздух во општина Бутел

Скопје, 13 март 2018 (МИА) - Нова мобилна мерна станица за квалитет на воздухот на територијата на општина Бутел ќе биде пуштена во употреба денеска во рамки на проектот „ЕУ за ТЕБЕ!".

Мерната станица е дел од националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот.

На промоцијата, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, евроамбасадорот Самуел Жбогар, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на оптшина Бутел Велимир Смилевски. аа/са/07:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ