Конференција за европските искуства за управување со отпад

Конференција за европските искуства за управување со отпад

Скопје, 13 март 2018 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржа меѓународна конференција на која ќе бидат презентирани европските искуства за улогата на компаниите што ги управуваат посебните текови на отпад.

На конференцијата е најавено присуство на компании од Европа кои се занимаваат со оваа проблематика. Ќе бидат претставени начините на функционирање на системите за управување со посебните текови на отпадот во Германија, Бугарија и во Чешка, а ќе стане збор и за европските предизвици и очекувања од системите за управување со посебните текови на отпадот, како и за учеството на општините.

Конференцијата ја организира Асоцијацијата за управување на посебни текови на отпад при Стопанската комора на Македонија. бак/са/07:33

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.