• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

УНДП обезбеди 17 грантови за заштитата на природата

УНДП обезбеди 17 грантови за заштитата на природата

Скопје, 12 март 2018 (МИА) - Од 50 до 100 илјади евра грантови ќе добијат седумнаесет општини и граѓански здруженија за проекти за заштита на природата. Со реализација на проектите треба да се подобри заштитата на природата и одржливата употреба на природните ресурси.

Од поднесени вкупно 79 апликации, Комисијата за евалуација ги избрала општините Кавадарци, Гостивар, Прилеп, Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (ЦеПроСАРД), Милеуконтакт Македонија, Здружение за локален и рурален развој, КОЦКА, Извиднички центар Крсте Јон, Урсус Спелеос, Извор, граѓанско здружение Елипса Куманово, Натура Нова, Еко свест, Еко Туризам 2016, Ловно друштво Тиквешија, Синиот проект и Балканска фондација за одржлив развој.

Грантовите се доделуваат во рамки на Програмата за подобрување со управувањето на заштитените подрачја, вредна четири милиони евра, финансирана од Европската унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и физичко планирање.

Општините и граѓанските здруженија учествуваа на повикот за помалите грантови преку поднесување на предлог проекти, додека органите на управување со осум поголеми заштитени подрачја се во фаза на подготовка на проектни предлози за грантови од 200.000 до 400.000 евра. Овие грантови ќе бидат доделени на националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро, Јасен како строг природен резерват и Кањонот Матка како споменик на природата. бк/дма/15:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ