Дебата во Тетово - „Загадувањето го оштетува здравјето - барајте оштета“

Дебата во Тетово - „Загадувањето го оштетува здравјето - барајте оштета“

Тетово,  15 март 2018 (МИА) - Граѓанската Еко герила во соработка со Тетовскиот универзитет, денеска организираше дебата на тема “Загадувањето го оштетува здравјето – барајте оштета”. Присутните ја истакнаа потребата од едуцирање на граѓаните за барање оштета од страна на државата, бидејќи последиците од загадувањето на Југохром, депопнијата во Тетово и другите загадувачи се долготрајни и многу ризички за граѓаните.

Докторот Насер Дурмиши истакна дека во Македонија последиците од загадувањето ќе ги има и во следните 100-200 години со појава на болести како што се ракот, фертилитетот и оштетувањето на дишните патишта. Според Дурмиши, институциите мора да преземат активности за промена на средината која досега била загадена за намалување на овие последици.

Од Еко Герила, ги посоветуваа граѓаните кои имале заболувања на дишните патишта или се чуствуваат загрозени од загадувањето, веднаш да покренат судска постапка против загадувачите и државата, која и според Уставот на Република Македонија, е обврзана да обезбеди чиста средина за своите граѓани. Арианит Џафери од Еко Герила, денеска уште еднаш ги посоветува присутните да се обратат до канцелариите на оваа организација, за правна помош при покренување судска процедура.

Професорот од Правниот факултет во Тетовскиот универзитет Африм Османи посочи дека судските органи биле многу пасивни во овој правец и затоа од сега па натаму, треба да се свртат кон граѓаните и да почнат со отварање постапки за загадувањето.

- Поради неажурноста на јавните обвинители, до денеска уште не е отворен ниту еден предмет што се однесува на загадувањето, па затоа се отвори едно специјално обвинителство, кое очекуваме дека ќе работи и на овие предмети, рече Османи.

Во денешната дискусија исто така се покажа и голем интерес од страна на присутните студенти, кои се заинтересираа за овие процедури, но и за алармантнинте бројки на умирања од рак во Македонија, а кои годишно стигаат и до три илјади.бс/скс/15:17

###





Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ