• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Пошумување садници на локалитетот Спомен Костурница Куманово

Пошумување садници на локалитетот Спомен Костурница Куманово

Куманово, 17 март 2018 (МИА)

Во рамки  на акцискиот план  на општина Куманово за намалување на аерозагадувањето општина Куманово денеска организираше акција за пошумување на локалитетот Спомен Костурница. На акцијата учествуваа екипи на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, здружението „Кумановски акцијаши“, извидничкиот одред, аматерскиот тетар и граѓани.

- Се надевам дека во овој тренд ќе продолжиме да го озеленуваме Куманово, истакна градоначалникот Максим Димитриевски, кој им се заблагодари на здруженијата и учесниците во акцијата.

максим димитровски пошумување

На  денешната акција присуствуваа постојаниот  координатор на Обединетите Нации и претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Лузиа Винтон и  јапонската амбасадорка Кеико Ханеда.

- Како почесен граѓанин на Куманово посебно ми е задоволство што сум денеска овде, да бидам дел од оваа волонтерска акција,  да помогнам да се разелени нашето убаво Куманово, изјави Винтон.

Во рамки на проектот Зелено Куманово  предвидено  е во иднина да бидат засадени околу 3.000 садници.

- На ова убаво време ми беше огромно задоволство што можев да присуствувам овде на овој настан, и го почитувам вашето пријателство со Јапонија, изјави амбасадорот на Јапонија,  Кеико Ханеда.

Садниците се производство на ЈП „Чистота и Зеленило“. Овој простор во неколку наврати беше пошумуван, но несовесни граѓани постојано ги уништуваа садниците. Денешната акција се спроведува по повод 21 март, Денот на пролетта. ам/дма/13:47

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ