Состанок на Поткомитетот за транспорт и животна средина во Брисел

Состанок на Поткомитетот за транспорт и животна средина во Брисел

Скопје, 19 март 2018 МИА (МИА) - Животната средина, климатските промени, енергетиката, регионалната политика и транспортната политика беа темите на денешниот 14-ти состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој кој се одржува во Брисел. На состанокот учествуваше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Ккао што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, состанокот бил претседаван од заменикот министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули од македонска страна, и Мари-Тереза Моран од Генералниот директорат за проширување и соседска политика од Европската комисија. На состанокот биле разменети насоки во однос на степенот на усогласување и усвојување на правото на Европската унија.

Во текот на состанокот, биле усвоени бројни заклучоци на кои Република Македонија треба да се посвети пред закажаниот Самит во Софија кој треба да се одржи во мај 2018 година.

Состаноците на поткомитетот се одржуваат во рамки на Комитетот за стабилизација и асоцијација како форум за разгледување на секторските политики. бк/бак/17:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ