• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Во Брисел претставени мерки и активности за подобрување на квалитетот на воздухот во Македонија

Во Брисел претставени мерки и активности за подобрување на квалитетот на воздухот во Македонија

Скопје, 20 март 2018 (МИА) - Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, во рамки на престојот во Брисел, денеска оствари работна средба со претставници и експерти на Генералниот директорат на Европската комисија за животна средина.

На средбата, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, заменик министерот Макрадули презентираше и детално ги објасни досега преземените мерки и активности во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, како и напредокот на Република Македонија во дефинирање на политиките и Акцискиот план на Интерсекторската работна група.

Експертите  изразија голема поддршка и дадоа насоки за поефикасна имплементација на сите досегашни преземени активности и политики кои подразбираат целосна посветеност на решавањето на проблемот со загадувањето, како комплексен и системски предизвик кој бара заедничка акција на сите засегнати чинители и сектори.

Заменик министерот Макрадули, на состаноците на Поткомитетот учествува во својство на претседавач на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот (ИРГ).скс/сст17:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ