• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Шест видеа за зголемување на свеста за аерозагадувањето

Шест видеа за зголемување на свеста за аерозагадувањето

Скопје, 21 март 2018 (МИА) - Шест информативни видеа изработи Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ со цел да ја подигне јавната свест за загадувањето на воздухот како проблем на којшто треба да се работи преку цела година.

- Во последниве неколку години загадувањето на воздухот ширум градовите во Републикава се наметна како проблем кој е сложен и за чие решавање е потребно инволвирање на сите засегнати сектори и институции, меѓутоа и проблем во чие решавање треба активно да учествуваат сите граѓани. Влијанието на секојдневните навики на секој од нас врз животната средина е огромно. Начинот на кој се движиме низ градот, начинот на кој ги загреваме домовите, начинот на кој создаваме отпад и се ослободуваме од истиот имаат значително влијание врз животната средина, велат од „Еко-свест“.

Видеата се изработени со подршка од фондацијата „Хајнрих Бол“.бак/са/12:49

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ