• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Пролетна акција за чистење на околината на велешкото езеро „Младост“

Пролетна акција за чистење на околината на велешкото езеро „Младост“

Велес, 21 март 2018 (МИА) - Шеснаесет метри кубни отпад е собран во дводневната акција што се спроведе за чистење на дел од брегот на езерото „Младост“.

Како што информира за МИА, Тодорка Андреевска портпарпл на ЈКП „Дервен“, се чистеше просторот околу летниковците, крајбрежниот појас и покрај двете страни од  патот кој води до двата мотела и сателитската населба.

- Целта на оваа пролетна акција беше да се подготви теренот за пролетните и летните месеци, кога овие локации се многу посетени од граѓаните на Велес. Воедно апелираме до посетителите да се однесуваат еколошки посовесно и сметот да не го расфрлаат насекаде туку во поставените контејнери и корпи за отпадоци, потенцира Андреевска.

Воедно информира  дека за чистење на патеката за пешачење покрај езерото „Младост“ од другата страна на езерото, надлежна е Општина Велес, а која треба да им наложи  нејзино чистење.

- Да потсетам  и поставувањето на корпи и отпадоци е во надлежност на Општина Велес, а наша задача е истите да ги лоцираме на одредени локации покрај езерото „Младост“,потенцира Андреевска.

Од Општина Велес најавуваат дека деновиве ќе се одржи и акција за чистење на патеката за пешачење  покрај Езерото „Младост“,која буквално е затрупана со отпад од несовесните посетители кои се најбројни во деновите на викенд.ад/скс/15:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...