• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Конференција за дивите депонии и загадувањето

Конференција за дивите депонии и загадувањето

Скопје, 23 март 2018 (МИА) - „Загадување на воздухот и нерегулираните депонии“ е темата на денешната меѓународна конференција „GREDIT 2018“ во организација на Балканската асоцијација за животна средина, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, Пакомак, Организацијата ФУЕЛ и 6-тата ѕвезда.

На дводневната конференција во амфитеатарот на Технолошко-Металуршкиот факултет во Скопје, околу 300 научници од 20 држави ќе дебатираат за важноста на зелените пристапи при управување со животната средина, преку планирање и искористување на еколошките технологии и системи во одржливите Зелени инфраструктури. 

Најавено е и обраќање на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев. 

На втората научна меѓународна конференција на „GREDIT“ ќе бидат претставени 150 научни трудови на автори од Македонија, Иран, Турција, Кипар, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Украина, Русија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна, Хрватска, Италија, Португалија, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и други земји.

„ГРЕДИТ 2018“ е посветена на зелениот развој, зелената инфраструктура и зелените технологии. Според организатороите, веднаш по заклучоците од „ГРЕДИТ 2016“ стана јасно дека е потребно научните и техничките достигнувања од областа на влијанијата врз животната средина практично да бидат применети. бк/са/07:33

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...