МЕПСО ќе го исклучи осветлувањето на дирекцијата за поддршка на „Час на планетата Земја“

МЕПСО ќе го исклучи осветлувањето на дирекцијата за поддршка на „Час на планетата Земја“

Скопје, 24 март 2018 (МИА) - Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) денеска од 20:30 до 21:30 часот ќе го исклучи електричното напојување на осветлувањето на фасадата на Дирекцијата во знак на поддршка на глобалната акција „Час на планетата Земја“.

На овој начин МЕПСО ќе ја поддржи глобалната акција „Час на планетата Земја“, која поттикнува рационално користење на електричната енергија и оптимално користење на природните ресурси.

Глобалната акција „Час на планетата Земја“ е глобален граѓански и корпоративен активизам за подигање на свеста за намалување на биодиверзитетот во светски рамки.

Годинава акцијата се манифестира преку симболично исклучување на осветлувањето со цел да се испрати симболична порака за спас на планетата Земја, за запирање на климатските промени и за ризикот од намалување на биодиверзитетот.

И оваа година над 80 локации потврдени низ целата територија на земјава ќе потонат во едночасовен мрак, за поддршка на еколошката акција „Часот на планетата Земја“. ац/аа/16:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...