Макрадули: Случајот со Казандол да не се политизира

Макрадули: Случајот со Казандол да не се политизира

Штип 27 март 2018 (МИА) - Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули истакна дека случајот со рудникот Казандол не сака да се политизира, бидејќи како што рече тој пораките се јасни.

-Непочитувањето на процедурата е јасна. На Комисија за економски системи во петокот помина одлуката за згаснување на концесијата и останува Владата да ја донесе одлуката. Се разбира ние сметаме и сме длабоко уверени дека процедурите не беа испочитувани, обврските согласно законот не беа донесени. Заради тоа и носиме таква одлука. Верувам дека нема да влезат во една варијанта да се исполитизира целиот случај, туку согласно законите да се постапува и понатаму, вели Макрадули.

Пршан како ја коментира најавата на сопствениците на Казандол дека ќе бараат 380 милиони евра како оштета, Макрадули вели дека можат да зголемуваат колку што сакаат, но како што рече тоа е веќе друга работа.

-Владата има обврска да контролира дали е испочитуван договорот. Договорот не е испочитуван, не се исполнети обврските и врз база на договорот Комисијата за економски систем и предложи на Владата да ја одземе концесијата, рече Макрадули.

Заменик министерот за животна среднина, Макрадули вели дека сега околу случајот со рудникот Иловица има едно затишје, а смета дека е и јасна пораката која што се доби од граѓаните во југоисточниот регион.вдј/скс/15:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...