• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Грантови за заштита на природата

Грантови за заштита на природата

Прилеп, 28 март 2018 (МИА) - Свечено ќе бидат објавени денеска во Прилеп добитниците на грантови за заштита на природата преку програмата за Подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од Европска Унија.

Програмата се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

На настанот кој ќе се одржи на Маркови Кули, Прилеп, на местото Слонова карпа, ќе се обратат шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Седумнаесет апликанти, општини и граѓански здруженија добија грантови во висина од 50.000 до 100.000 евра за проекти за заштита на природата.

Органите на управување со осум поголеми заштитени подрачја се во фаза на подготовка на проектни предлози за грантови од 200.000 до 400.000 евра.

Овие грантови ќе бидат доделени на националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро, Јасен како строг природен резерват и Кањонот Матка како споменик на природата. ац/са/07:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ