Акција за чистење на дивите депонии на Беровското Езеро

Акција за чистење на дивите депонии на Беровското Езеро

Берово, 30 март 2018 (МИА) - Со организирана акција на општинската администрација и Јавното комунално претпријатие „Услуга“ од Берово се расчистуваа диви депонии на туристичкиот локалитет Беровско Езеро.

Во акцијата учетсвуваше и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски кој апелираше за поголема свест кај граѓаните за чиста живитна средина.

- Токму природата е нашиот најзначаен ресурс со кој располагаме и токму туристичките локалитети, особено Беровско Езеро е нашиот најзначаен туристички локалитет кој совесно треба да го чуваме и да ја заштитуваме околината од формирање диви депонии кои создаваат лоша слика за Берово во промовирањето како посакувана туристичка дестинација. Дивите депонии се резултат на нашата свест кон животната средина, затоа треба секој да тргне од себе и да придонесе за заштита на средината во која живееме, апелирам одговорно и совесно да се ослободуваме од отпадот на места кои се предвидени за оваа намена истакна Пекевски.

Чистењето на сметот се одвиваше околу одморалиштето и по патеката кон круната на Езерото. дт/нд/14:57

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...