• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Сто нови рози во Паркот на Лајонизмот за Цветници

Сто нови рози во Паркот на Лајонизмот за Цветници

Скопје, 1 април 2018 (МИА) -  Сто нови рози денеска беа засадени во Паркот на лајонизмот во Скопје во рамки на традиционалната манифестација по повод празникот Цветници.

Еколошката акција е организирана од членовите на Лајонс клуб „Вардар“ и лео клубот „Аксиос“, заедно со други клубови од Дистрикт 132.

- Во урбана средина, розите ја оплеменуваат околината и се убави за око. Исто така, имаат својство да ги впиваат издувните гасови од автомобилите, особено оловото. Ова им дава посебно место во изборот за еколошко цвеќе, погодно за нашиот град, изјави Илијана Муратовска, претседател на Лајонс клуб „Вардар“.

Досега се посадени околу 500 садници во Паркот на Лајонизмот, каде под покровителство на Лајонс клубот Вардар се донирани клупи, маси и патека за движење.

Целта на еколошката акција е да се подигне свеста за екологијата и разубавување на просторот. лв/бак/12:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ