Исчистени девет диви депонии во Кавадарци

Исчистени девет диви депонии во Кавадарци

Кавадарци, 10 април 2018 (МИА) - Исчистени се девет диви депонии во градот Кавадарци, изнесени се пет илјади кубни метри смет.

Јован Ристов, раководител на Работната единица за хигиена и зеленило при ЈП „Комуналец”, информира дека во изминатиот период се стави крај на  дивите депонии на улицата „Клинска” и кај спојот на улиците „Блажо Алексов” и „Ѓорѓи Соколов”, близу Белка зградите. Се чистеше и кај тениското игралиште на „Северен булевар”, но и на улицата „Ресавска”-запад.

Комуналните работници дејствуваа и на „Западен булевар”, под гробиштата, на улицата „Сутјеска”, како и на улицата „Рајко Жинзифов”, кај детските реквизити на „Голи оток”.

Исчистен е и нелегално оставениот смет  во месноста “Коњски дупки”, на улиците „Црноречка” и „Ѓоре Брушански”. Отстранет е и дивиот отпад од кејот на реката Луда Мара во Ваташа, како и од мостот на улицата „Видео Смилевски”.

- Нашите секојдневни активности покрај другото, опфаќаат и редовна грижа за хигиената во општината. Така ќе продолжиме и во иднина. Се со цел еколошка животна средина, нагласува Ристов. свд/сст/10:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ