• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Македонија и Косово ќе соработуваат во екологијата

Македонија и Косово ќе соработуваат во екологијата

Скопје, 17 април 2018 (МИА) - Проблемите со воздухот, водите и биодиверзитетот беа главните теми за кои денеска во Скопје разговараа министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и неговата колешка од Косово, Албена Решитај.

- Разговаравме за природата и за прогласување на Шар Планина за национален парк. Косово тоа веќе го има, а наскоро ќе биде и кај нас. Се очекува соработка за оваа тема меѓу двете држави. Разговаравме и за проблемите кои се однесуваат на водите, за реката Лепенец и за проблемите со воздухот, изјави министерот Дураки по средбата. 

Косовската министерка за животна средина и просторно планирање Решитај нагласи дека ќе дадат се од себе за да ја подобрат животната средина на двете држави. 

- Нашата цел, на двете држави, е интеграција во ЕУ и ова ни е прилика за понатаму да ја развиваме нашата соработка и така заедно кон ЕУ. истакна Решитај. мд/са/12:23

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...