Акција за чистење на езерото Козјак

Акција за чистење на езерото Козјак

Скопје, 22 април 2018 (МИА) - Преку 150 љубители на природата и совесни граѓани денеска учествуваа во акцијата за чистење на езерото Козјак од пластика, одржана во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на планетата земја, кој годинава се одбележува под мотото „Да се запре загадувањето од пластика“.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадул, рече дека на денешната акција која е во организација на МЗЖСПП, Здружението „Гоу Грин“ и фондацијата „ЦНВП Македонија“, се собира отпад кој е создаден од луѓето.

Акција Козјак 1

- Апелирам за сеопфатна акција на сите. Доколку сакаме да ставиме крај на пластиката како отпад, тоа да го направиме уште дома, да го селектирам во посебни контејнери, како и да се едуцираат децата уште во градинките и училиштата, рече Макрадули.

Потеницраше дека е жалосно ваквата природа да биде изгнасена од човечката несовесност и најави дека МЗЖСПП, со дополнителни мерки со измените на Законот за отпад ќе се приклучи во акцијата за поефикасно справување со пластиката.

Како една од мерките за чистење на езерото Козјак Макрадули, рече дека со градоначалникот на Македонски Брод Живко Силјаноски се договориле да постават мрежа која ќе има фунмкција да ги собира сите пластики од езерото, а доколку се покаже успешна мерката ќе се спроведе и на реката Вардар, кај Зелениково.

Амабасадорот на Словачка во Македонија Хенри Маркуш рече дека Македонија е прекрасна земја, но дека денеска ја видел и другата страна на сликата и поради тоа се приклучил во акцијата за чистење на езерото.

Акција Козјак 2

Тој апелираше до сите граѓани на Македонија да преземат мерки за почиста околина, бидејќи смета дека ситуацијата е ургентна и дека граѓаните треба да не ги фрлаат пластиките во реките, туку да се обидат да го соберат целиот отпад.

Акцијата се одржа во близина на туристичката населба Близанско, на едно од најголемите вештачки езера во Македонија, Козјак, кое е изградено во 2004 година. Езерото е долго 32 километри, широко до 400 метри и на места длабоко до 130 метри. На брегот на езерото има голем број туристички населби и често е посетено од рибари, кои според мештаните се едни од најголемите загадувачи на езерото.

Во акцијата учествуваа и Министерството за одбрана, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, „Јасен“, Агенцијата за млади и спорт, Асоцијацијата на колективни постапувачи со отпад, Нуркачкиот клуб „Врело“, Црвениот крст, ЕЛЕМ и други граѓански здруженија. бк/аа/15:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...