Секој жител на Македонија лани создал по 379 килограми отпад

Секој жител на Македонија лани создал по 379 килограми отпад

Скопје, 23 април 2018 (МИА) - Во текот на минатата година во Македонија е собран комунален отпад од 635.875 тони, а количеството на вкупно создаден комунален отпад изнесува 786.881 тони, објави Државниот завод за статистика. Годишното количество, пак, на создаден комунален отпад по жител во 2017 година изнесува 379 килограми, што е за 1,3 отсто помалку од истото количество во 2016 година.

Споредено со 2016 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2017 година бележи зголемување од 4,2 отсто.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во скопскиот регион - 164.246 тони или 25,8 отсто од вкупното собрано количество во Република Македонија.

Од вкупното количество на собран комунален отпад, 527.700 тони или 83  проценти се собрани од домаќинствата, а останатите 17  проценти од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите на отпад, најголемо количество на собран отпад е измешан комунален отпад, 554.280 тони или 87,2 отсто, а најмало количество отпад од гума, 1.007 тони или 0,2 отсто од вкупното количество собран комунален отпад.

Годишното количество на создаден комунален отпад по  жител во 2017 година изнесува 379 кг по жител, што е за 1,3 отсто помалку од истото количество во 2016 година.

Најголемото количество на собран комунален отпад, односно 99,4 проценти се отстранува на депонија.скс/са/09:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...