• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Работилница за рециклирање и екологија во „GLOW“ Клуб на млади девојки од Крива Паланка

Работилница за рециклирање и екологија во „GLOW“ Клуб на млади девојки од Крива Паланка

Крива Паланка, 23 април 2018 (МИА) – Дваесетина девојчиња до петнаесетгодишна возраст од клубот на млади девојки „GLOW“ во Крива Паланка, денес учеа за рециклирање, екологија и користење разградливи материјали на работилницата насловена „Еколошки сервис“.

Активноста се реализира по повод Денот на планетата земја, 22 април, а истата е во организација  на YMCA Битола - организацијаза вклученост и создавање можности на младите и Мировен корпус Македонија.

- Реализираме проект како еколошки базиран сервис, со кој младите учеа за екологија, а девојките како млади женски лидери користеа расположливи рециклирачки ресурси и материјали за намалување на отпадот, бидејќи 99,4 отсто од отпадот во Македонија завршува на депониите. Девојчињата направија во саксии од еко-материјали засадија цвеќа и ги превентираа на дамите-сопственички на производство и бизнис од градот, информира менторот Кајл Бутчер, волонтер на Мировен корпус, Македонија.

Рече дека целта е да развиваат млади женски лидери во  заедницата.

- Преку состаноци кои ги одржуваме во клубот два пати месечно, креираме проекти за заедницата со кои се подобруваат можностите за сите млади. На состаноцитемладите лидери учат демократија, личен развој, надворешни активности, тимска работа и лидерство, додаде Бутчер.

Мировен Корпус Македонија и YMCA Битола организираат камп за пријателство и лидерство за млади лидери низ Македонијанаменет на момчиња и девојки. Целиот кампќе се одржи на англиски јазик, а ќе биде спроведен во Шула Мина во Крушево. ид/дма/11:36

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...