Децата од штипски градинки го одбележаа Денот на планетата земја

Децата од штипски градинки го одбележаа Денот на планетата земја

Штип, 23 април 2018 (МИА) - Со влечење јажиња и други спортски активности во спортскиот центар „Џексон“ - Штип,  во одбележување на 22 април  Ден на планетата земја, денеска  се вклучија и дечињата од двете детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“.

Билјана Казанџиска раководител на Секторот за јавни дејности во Општина Штип вели дека само преку вакви активности децата ќе научат како да се грижат за средината во која живеат.

 - Токму и за таа цел се организираат овие игри, потоа часови и предавања, едукативни вежби во сите детски градинки и во основните училишта, за децата уште од најмали нозе да знаат за екологијата, вели Казанџиска.

Во Општина Штип минатата недела во одбележување на Денот  на планетата земја се вклучија и учениците од сите основни училишта во градот. вдј/сст/15:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ